Вашиот Партнер за Дигитален Развој
Добредојдовте во iDyzer – Вашата креативна оаза за дигитален маркетинг! Ние сме тука за да го подобриме вашиот бизнис преку широк спектар на услуги, вклучувајќи социјални медиуми, веб-дизајн, Google Ads, 3D визуализација и многу други услуги.
Со стручен тим и иновативни пристапи, ние создаваме персонализирани стратегии што ќе го однесат вашиот бренд на повисоко ниво. Доверете ни се за вашата дигитална трансформација и раст на бизнисот.
Нашиот маркетинг тим може да го унапреди и подигне Вашиот бизнис на нови полиња.
Приказната започнува со идеја да се креира платформа која ќе им овозможи на компаниите да се изразат на уникатен начин и да го достигнат својот целен пазар.
Во 2018 година, секој член од тимот на iDyzer го развиваше својот индивидуален талент во области од графичкиот дизајн, видео уредништво, веб дизајн, 3D областа и други креативни активности. Сите беа обединети со иста страст и љубов кон својата професија. Дотогаш, нивната работа беше исклучиво хоби, без идеја дека еден ден ќе ги обединат своите таленти и ќе создадат нешто поголемо.
Во 2021 година, двајцата креатори на iDyzer се запознаа на факултетскиот кампус. Тогаш, како студенти, тие споделуваа искуства и хобија, секој со неговите уникатни таленти и вештини. Преку образованието и стекнувањето нови вештини, секој од нив разви нови интереси, што дополнително ја зголеми нивната пасија за дигиталниот маркетинг.
Во 2022 година, како фриленсери, тие почнаа да наоѓаат клиенти и проекти преку кои го зголемуваа своето искуство и да ги развиваат своите вештини. Со секој нов проект, покрај искуството, растеше и нивната самодоверба и амбиција. Идејата за iDyzer постепено се развиваше, претворајќи се од мали индивидуални ангажмани во поголем план.
На крајот од 2023 година, тие посветија време и напор на креирање стратегиски план за iDyzer. Анализирајќи ги трендовите во дигиталниот маркетинг и потребите на пазарот, развија детална стратегија која ги опфати сите аспекти на нивната агенција. На почетокот од 2024 година, со гордост ја лансираа агенцијата iDyzer.
Денес, iDyzer функционира со полн капацитет. Тимот на iDyzer е изграден од повеќе компетентни професионалци од различни области, вклучувајќи маркетинг специјалисти, графички дизајнери, програмери и економисти. Секој од нив допринесува со своите уникатни таленти и искуство, креирајќи единствена и стимулативна работна атмосфера. Со акцент на посветеност и иновативен пристап, мисијата на iDyzer тимот е да помогнат на клиентите да ги постигнат своите маркетинг цели и да успеат во дигиталната ера.
Со визија за иновативност и посвета кон успехот, нашата Маркетинг Агенција им обезбедува на клиентите креативни и ефикасни решенија.